
ROYAL SEGINUS
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, 17 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 498. Супериор стандардни соби: 349 (64м², една спална и купатило, макс. 3+1 лица), Делукс суит соби: 8 (170м²,хол на влезот, една спална и една дневна соба со врата помеѓу, две купатила, едното е со туш/WC, макс. 2+1 лице), Фамилијарен Дуплекс соби: 80 (120м², приземје одвоени соби + купатило со туш, горе на кат брачен кревет со купатило со када, одвоени се врата, макс. 2+2 лица), Јуниор суит соби: 8 (140м², една спална и една дневна соба, две купатила, макс.3+1 лице), Фамилијарни поврзани соби: 48 (80м², хол на влезот, две спални со врата помеѓу, едно купатило, макс. 2+2 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Собите се со купатило со туш кабини и фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода , безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, тепих на подот, балкон и во сите соби не се пуши.
Услуга
Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, храна за деца, диетална храна, ужина, snack и рестораните на плажа во тек на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, слатки ,сладолед во тек на денот. А’la Cаrte ресторани со претходна резервација, Луксузните увозни пијалоци, свежо цедените сокови, специјалните вина, услуга во соба, домашни и увозни фалширани вина дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, snack бар покрај базенот и на плажа, барови околу хотелскиот комплекс А’la Carte ресторани: Италијанска кујна, кујна од Далечниот исток, Мексиканска кујна, ресторан за морска храна, Турска кујна, Стејк ресторан, Суши ресторан, Тапас ресторан. Доктор, чување на деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, WI-FI со мала брзина бесплатен во лоби и собите, компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа, не се наплатуваат. Павиљоните на плажа со претходна резервација се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 8 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, игралишта за кошарка, пинг понг, одбојка на плажа, не се наплатуваат. Масажа, салон за убавина, Спа и Велнес центар, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, сите водени спортови дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца и забавен парк за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Fettahlı, Royal Seginus Hotel, Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps