Прескокни кон содржината
ROYAL DRAGON HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ROYAL DRAGON HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки, 5 км од Сиде и 48 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 564 соби. Супериор стандардни соби (40м², една спална соба и едно купатило само со када, макс.3+1 дете). Дуплекс фамилијарни соби (60м², на горниот кат една спална соба и купатило, а на приземје спална соба за деца и купатило со туш, не се одвоени со врата, макс.4 лица). Фамилијарни соби со конектирачка врата (60м², две спални соби, едно купатило, собите се одвоени со врата, макс.2+2 лица). Јуниор апартман (70 м², со поглед кон море, една спална соба, една дневна соба, две купатила и џакузи во спалната соба, макс.2+1 дете). Кралски апартман (100м², две спални соби, една дневна соба, две купатила од кое едното е со џакузи, макс.4 лица) 5 соби за лица со попреченост. Собите се со директен поглед на море, со страничен поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш кабина или када, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, тепих на под, LCD TВ со сателитски програми, WI-FI интернет конекција, балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса со појадок, ран и доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуски доцна навечер, диететско бифе, бифе за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечерата, мини бар во собите. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, увозен шампањ, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Dulciena – италјански ресторан, Firuze – турски ресторан, Zen – ресторан со кујна од Далечниот Исток, Dorado – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI–FI интернет конекција во собите и во целиот хотел е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени (затворени во лето) базени за возрасни и деца, аква парк со лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени (Stone спортски комплекс), одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Со доплата: масажа, SPA и центар за убавина, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, куглање, билијард, сите спортови на вода. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, забавен парк и мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, забавен парк (не е дозволен за деца под 7 години), мини диско во вечерните часови. Забелешка: Аква паркот и забавниот парк се достапни и бесплатни за гостите од хотелите Royal Dragon Hotel и Royal Taj Mahal Hotel.

Локација

Sahil Mh, Royal Dragon Hotel, Cumhuriyet Bulvarı, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps