Прескокни кон содржината
MÖVENPICK RESORT ANTALYA TEKIROVA

MÖVENPICK RESORT ANTALYA TEKIROVA

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Се наоѓа во Текирова на 18 км од Кемер и на 70 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 476 соби. Има соби во главната зграда и во клуб делот.
Во главната зграда: Дива делукс соби (58-60м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, балкон,  макс.2+1 лица).
Дива делукс фамилијарни апартмани (125-130м², две спални соби, едната соба со француски кревет, а другата со единечни кревети, една дневна соба, две купатила, поглед на море, балкон, макс. 5 лица).
Клуб соби: Дива клуб соби (35-37м² една соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, француски балкон, макс. 2+1 лица).
Стандардни клуб соби: (28-30м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
Јуниор клуб апартмани (45м², една дневна соба со софа + спална соба со француски кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Дива клуб соби (55-60м², дневна соба со софа, една спална соба со француски кревет, едно купатило, тераса, макс 4+ 1 лица).
Фамилијарни клуб апартмани (55-60м², две спални соби, едната спална со француски кревет, другата со два единечни кревети, дневна соба со дел за седење, едно купатило, тераса, макс.5 лица).
Executive џакузи вила (100 м², дуплекс вила во градината, дневна соба и едно купатило на приземје, две спални соби и едно купатило на горниот кат, голема тераса со џакузи, макс.4 лица).
Executive фамилијарна вила (100м², дуплекс вила во градината, на приземје дневна соба и едно купатило, на горниот кат 3 спални соби, едно купатило, макс.6 лица).
Сите соби се со балкон или терсаса со поглед на градината, сопствено купатило со када, туш, фен, клима, телефон, килим или ламинат, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали.
Executive собите, Executive џакузи вили, Executive фамилијарни вили се соби сместени во делот на градината од хотелот Еуфорија. Само претседателскиот апартман е во главната зграда.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќно бифе и ран појадок, сладолед само во одредени часови во текот на денот, локални и некои увозни алкохолни пијалоци и безалкохолни пијалоци се бесплатни.
Снек бар на плажа работи од 10: 00 – 18:00, детско и диететско бифе.
Не се вклучени: увозни пијалоци кои не се на мени листата, сите премиум пијалоци, специјални локални и увозни вина, флаширани пијалоци, À la carte ресторани со претходна рзервација и со доплата, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса , лоби бар, бар покрај базенот,  À la carte ресторани.
Доктор, продавници, фризер, перална, хемиско чистење, чување деца, центар за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, се наплаќаат.
WI- FI интернет во целиот хотел е бесплатен.

Плажа

Хотелот има приватна плажа со ситни камчиња и песок. Крпите за плажа, чадорите и лежалките се бесплатни. Приватните павилјони се наплаќаат и се со претходна резервација.

Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен за возрасни и базени за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Се наплаќаат сите спортови на вода, масажа, СПА центар, билјард, нуркање.
ЖЗабавна програма, натпревари, игри и вечерна за бавна програма. Мини клуб за деца од 4-12 години со програма преку целиот ден. Мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Tekirova, MÖVENPICK RESORT ANTALYA TEKIROVA, Tekirova Caddesi, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps