Прескокни кон содржината
REGNUM CARYA GOLF & SPA RESORT
Повлечи за повеќе слики

REGNUM CARYA GOLF & SPA RESORT

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот и 45 км од центарот на Анталија. 

Сместување 
Вкупно 553 соби. Jade соби (62 м², со балкон, макс.3+1 бебе, соби во главна зграда, една спална, едно купатило со туш и када, дел за седење, работна маса, гардеробер, балкон, поглед кон голф терените, страничен поглед на море или дириктен поглед на море). Jade suite (124 м², со балкон, во главна зграда, поглед на море, една спална, една дневна соба со гарнитура за седење и работна маса, две купатила, гардеробер, макс. 3 +1 дете). Jade фамилијарни соби (85 м² + 40 м² тераса, во главна зграда, две спални, гарнитура за седење, работна маса, две купатила со туш и када, макс.4+1 дете). Pearl pool соби (62 м², со тераса, покрај голф терените, соби со излез на базен од 140 м², заеднички со други соби, една спална, едно купатило, дел за седење, работна маса, гардеробер, макс.3+1дете). Pearl pool фамилијарни соби (100 м² + 24 м² тераса, покрај голф терените, соби со директен излез на базен 140 м², заеднички со други соби, две спални соби, две купатила, дел за седење, работна маса, гардеробер, макс.6+1 дете). Pearl pool suite (100 м² + 24 м², тераса, покрај голф терените, соби со излез на базен 140 м², заеднички со други соби, една спална, две купатила, дневна соба, работна маса, гардеробер, макс.3+1 дете). Сите соби се со балкони, купатила со туш и када, гардеробер, избор на перници, бањарки, влечки, сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, Nespresso машина за кафе, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, крекери, џус, млеко, чоколадни колачи и се дополнува секој ден), во апартманите соби има макси бар со алкохолни пијалоци, телефон, клима, LED TV со разни интернационални програми, WI-FI интернет. 

Услуга 
Luxury сѐ вклучено – храна и пијалоци 24 часа, при пристигнувањето гостите се послужуваат со пијалок, овошни сокови за деца и бонбони, освежителни марамчиња. Појадок, доцен појадок, ручек, вечера, готварско шоу, диететско бифе, детско бифе, полноќно бифе, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа, сладолед, свежо цедени сокови, свежо овошје покрај базенот и на плажа, слаткарница, снек ресторани. Не се вклучени премиум пијалоци и специјални вина, À La Carte ресторани: Teppenyaki,Sevk-et Steakhouse, Alia Beach Club, Golf Club House ресторан, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан за шведска маса, À La Carte: Tramonto - италијански ресторан, Seahorse- рибен ресторан, Kushimoto - ресторан и Shushi ресторан, Koz Ocakbasi - ресторан со турска кујна, Terranyaki - ресторан со јапонска кујна и со готвење пред гостите, Sandal - ресторан за морска храна, Ubon - Thai ресторан, Grill Do Brasil – бразилски стек ресторан, Alia Beach Club – ресторан со медитеранска кујна, Sevek-et Steak house-Premium, 17 барови со различна содржина. Со доплата: Доктор и сестра, чување деца, перење и пеглање алишта, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола, сервис за чистење коли, специјални барања и услуги. Интернет во целиот хотел Wi-Fi (со слаба брзина). 

Плажа 
Приватна песочна плажа на хотелот. Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа и душеци не се наплаќаат. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Maxx аква парк со 11 лизгалки, базен со бранови, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг, стрелаштво, спортови на вода (не моторизирани) се бесплатни. Со доплата SPA центар и центар за убавина, сите спортови на вода (моторизирани), осветлување за тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, часови за нуркање, куглана, билијард, играчница, Real Madrid школо за фудбал, Carya Golf Club. Забавни програми во текот на денот со натпревари покрај базенот и на плажа, во вечерните часови шоу програми, жива музика, програми со професионални танчери, тематски забави и гала вечера. Мини клуб за деца Chuckles и тоа за деца од 4-6 години, Јуниор клуб за деца од 7-12 години, и клуб за деца од 13-17 години. Специјална опрема за бебиња во соба и можност за подготовка на бебешка храна во главниот ресторан. 

ЗАБЕЛЕШКА
Трансфер и влезници за LAND OF LEGENDS – тематскиот парк се бесплатни за гостите со минимум престој од 3 ноќевања.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kadriye, Regnum Carya Golf & Spa Resort, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps