
QUEENS PARK LE JARDIN HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кириш, на 7 км од Кемер и 60 км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 308 соби во четири блока. Стандардни соби (18 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице). Фамилијарни соби (45м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица). Исто така има 3 соби за лица со попреченост. Собите се со купатило со када или туш, фен за коса, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се полнат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон или тераса.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – коктел за добредојде по пристигнувањето, појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, кафе, торти, колачи, вечера, закуска доцна навечер, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови. Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, специјални вина, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со кујна од Далечниот Исток, италијанска и турска кујна, слаткарница, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во лоби.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, велнес центар, рефлектори за тениски терени и опрема, спортови на вода, билијард и школа за нуркање се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми, музика, за деца – Мини Клуб за деца од 4-12 години со програми во текот на денот и во вечерните часови мини Диско. Хотелот е реновиран во 2019 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kiriş, Queen's Park Le Jardin Hotel, Sahil Caddesi, Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps