
PALM WORLD HOTEL SIDE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се ноѓа во областа Evrenseki, оддалечен 6км од Сиде и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 192 во три блокови. Стандардни соби (22m², макс. 2+1 лице), Економски соби (18m², макс. 2 лица), Фамилијарни соби (35m², две спални соби конектирани со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Дуплекс соби (35m², соба со одвоени кревети на приземје, на спрат со брачен кревет, едно купатило, макс. 4 лица), Економски соби (18m², една спална соба со купатило, собите се без поглед, ниско приземје, макс. 2 лица). Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), сеф (со доплата), ламинат на подот, сателитска ТВ, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, доцна ужина, бар на плажа од 10:00-17:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, сладолед, Турско кафе, сите пијалоци во Диско.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, Fish A’la Carte ресторан, бар на плажа, Лоби бар и бар на базен, Диско клуб. Доктор, бебиситер, фен, телефон, факс, интернет , компјутерски игри, услуги за перење и пеглање, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и камчиња, оддалечена 400 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел од 09:30 – 18:00 на секои 10 минути.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: сите видови спортови на вода, Wellness центар, масажа, билјард и компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерните часови, кино, мини клуб за деца од 06-12 години. Хотелот е реновиран во 2015 година
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, Palm World Resort, Sahil Caddesi, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps