
OBA STAR HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Obagol, 2,5 км од Аланија и 125 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 140. Стандардни соби (22м², една спална со француски кревет+единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лицe). Сите соби се со купатило со туш, када, фен, сплит клима систем, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сé вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи, вечера, вечерна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00ч. Ужина и безалкохолни пијалоци на барот на плажа во периодот од 11.00 до 17.00ч се бесплатни. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, Турско кафе, пиво, и сладолед во барот на плажа се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар и крај базенот. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет конекција е бесплатна во лобито и во собите.
Плажа
Хотелска плажа, песок, на 70м од хотелот, лежалки, чадори за сонце не се наплатуваат. Има Beach Bar на плажата каде без алкохолните пијалоци и вода се бесплатни. Пиво се наплаќа екстра.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа, Wellness и СПА центар, билијард дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Oba, Oba Star Hotel, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps