MY HOME RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Лоциран во Инџекум,,Авсалар 22 км од Аланија, на 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 575 соби во 3 блока поврзани. STANDARD ROOM (25 м2, спална со брачен кревет + еден единечен кревет, купатило макс.2+1 лица), FAMILY ROOM (45 м2, дневна соба со два единечни кревети и спална соба со брачен кревет, одвоени со врата, купатило макс 4+1 лица), ВО СОБИТЕ: купатило со туш, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (сокови само по пристигнувањето, потоа со вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата) , сателитска ТВ и музички канали, под ламинат, балкон.
Услуга
Шведска маса за појадок, касен појадок, ручек, чај и кафе попладне, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00час. A’la Carte ресторан еднаш во текот на целиот престој. Бар на плажа со сокови и ужина помеѓу 10.00-17.00 ч. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци после 24.00 ч., сите пијалоци во диско, цедени сокови, турско кафе и сладолед
Содржини
Главен ресторан, шведска маса, A’la Carte ресторан, лоби бар, бар на базен. Отворен и затворен базен за возрасни и деца, тобогани, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, пинг- понг, одбојка на плажа бесплатно. Мини клуб за деца 04-11г. со анимација. СО ДОПЛАТА Доктор, бебешко креветче, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, маркет, изнајмување возила, Спорт и Забава Масажа, салон за убавина, сите спортови на вода - дополнително се наплатуваат.
Тобогани, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа бесплатно.Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми.
Плажа
Приватна плажа на 250м од хотелот, подземен премин, песочна со ситни камчиња, лежалки и чадори за сонце бесплатно.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Avsallar, My Home Resort Hotel., Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps