
MC ARANCIA RESORT HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Konakli, на 12км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 485. Стандардни соби 328 (26-28м², спална, купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби 22 (36-40м², две соби одвоени со врата, макс. 4 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови само на пристигнување, подоцна само со вода), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет до 100Mb, тепих на под , балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневнa ужина, вечера и доцнa вечерна ужина. Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот. А’la Cаrte ресторани со претходно направена резервација и само еднаш за време на престојот, сладолед во слаткарница во одередни часови.Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, мини бар во соба по првиот ден (само водата е бесплатна ), пијалоци во Диско Аранчиа, услуга во соба, свежо цедените сокови и Витамин барот, Турско кафе, наргиле, храна и пијалоци по 24.00ч дополнително се наплатуваат.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани- Osmanli – турска кујна, Pescatore-рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, факс, интернет кафе, rent a car, чување на деца, перална дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет до 100Mb.
Плажа
Хотелска плажа со ситни камчиња и песок, лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатни.
Спорт и Забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа. Спортови на вода, билијард, компјутерски игри, масажа, СПА центар, Џакузи, осветлување на тениски терени, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Konaklı, Mc Arancia Resort & SPA Hotel, Kordon Sokak, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps