
MASTER FAMILY CLUB
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Kizilot, на 20км од Manavgat и 87км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 323 сместени во 9 блокови на 3-5 катови. Стандардни сови со поглед на градина (20м2, спална соба, купатило, макс. 2+1 лица) Економски соби (17м2, спална соба, купатило, макс. 2 лица) Фамилијарни соби со 2 спални соби (26м2, една соба со француски кревет, другата соба со 2 одвоени кревети, купатило, макс. 4 лица) Фамилијарна сова со кревети на спрат ( 24м2, спална соба со француски кревет + кревет на спрат, купатило, макс. 4 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, клима, директна телефонска линија, сеф (со доплата), мини бар (вода и минерална вода при пристигнување, потоа се дополнува само со вода), сет за чај и кафе, сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, домашни и некои увозни алкохолни и без алкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, снек бар на плажа од 10:00-18:00 часот. Дополнително се наплаќа: увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, флаширани пијалоци, сокови од свежо овошје, Турско кафе, храна и пијалоци после 24 часот, витамин бар, наргиле, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан на шведска маса, A’la Carte ресторан – Турски и Медитерански, лоби бар, бар покрај базен, диско бар. Доктор, чување деца, прална, телефон,факс, интернет, компјутерски игри, фризер, шопинг центар, дополнително се наплаќа. WiFi интернет конекцијата во лобито е бесплатна, а во собите се доплаќа.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа кои не се наплаќаат.
Спорт и Забава
Оворен и затворен базен за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг, тениско игралиште и одбојка на плажа. Дополнително се наплаќа: масажа, SPA центар, осветлување за тениско игралиште и опрема, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот за возрасни, разни натпревари и игри во вечерните шоу програми. Мини клуб за деца од 05-16 години поделени по возрасни групи, со дневни и вечерни програми, мини биоскоп, игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çenger, Master Family Club, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps