
MARTI MYRA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Текирова на 18 км од Кемер и 70 км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 545 соби на 34 ката. Супериор Соби: (36м²; спална соба со купатило, макс.2+2 лица). Супериор Делукс Соби: (36м²; спална соба сo купатило, макс.2+2. лица). Фамилијарни Соби: (44м²; две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4лица). Супериор Фамилијарни Соби: (44м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4 лица ). Сите соби имаат балкон или тераса, со поглед на градина, приватно купатило со када, туш и фен, централна клима, телефон, сателитска телвизија и музички канали, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, WI-FI, керамички под со килим. Услуга
Ултра
Сѐ вклучено –п ијалок и локум за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна вечера, оброци за деца, диетални и вегетаријански оброци во главниот ресторан, сладолед во одредено време, сите локални и стандардни увозни пијалоци се без доплата. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, À la Carte ресторани, Le Club Bar (само за возрасни), специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан - шведска маса, Chimara Snack, бар покрај базен, À la Carte ресторани-Casa Myra – италијаснки, À la Turca Spice Bazar - турски, Phaselis - рибен ресторан. Бар на базен и покрај плажа, лоби и диско бар. Доктор, шопинг центар, фризер, перење и сушење алишта, чување деца, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри шопинг центар се со доплата. WI - FI интернет конекцијата е бесплатна низ целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа, камчеста и песоклива. Чадори, лежалки и пешкири се без доплата. Приватни павиљони се со доплата и претходна резервација.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени со дел за деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, мал фудбал, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата: спортови на вода, масажа, спа и центар за убавина, осветлување на тениски терени, опрема, часови по тенис, билијард, играчница, школа за нуркање. Забавни програми во текот на денот и ноќта. Мини клуб за деца од 4-12 години и за тинејџери од 13-17 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Tekirova, MARTI Myra Hotel, Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps