Прескокни кон содржината
SELECTUM ELITE RESORT SIDE (ex EUPHORIA BARBAROSS BEACH RESORT)
Повлечи за повеќе слики

SELECTUM ELITE RESORT SIDE (ex EUPHORIA BARBAROSS BEACH RESORT)

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во регионот Кизилот, 15 км од Манавгат и 88 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 348 соби во една главна зграда и бунгалови. Стандардни соби (22-25 м², во главна зграда или бунгалови, една спална со француски кревет или два единечни кревети + софа на спуштање (180x70cm), едно купатило, макс. 2+1 дете). Стандардни соби без балкон (20 м², во главна зграда или бугналов, еден француски кревет (160x200), едно купатило, макс. 2 лица). Фамилијарни соби (45 м², во главна зграда, две одвоени спални, едно купатило, макс. 4 лица). Стандардни соби со кревет на спрат (25-28 м², во главна зграда, една спална со француски кревет + кревет на спрaт (190x90cm), едно купатило, макс. 2+2 деца). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, централна клима која што работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, телевизија и музички канали, Wi-Fi интернет, паркет или ламинат, балкон. 

Услуга 
Ултра сѐ вклучено шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, попладне ужина, чај, кафе, вечера, ноќни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци во лоби барот и Chill Out 18+ бар, свежо цеден сок од портокал за појадок, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, Chill Out барот е отворен 24 часа, бар на плажа од 10 – 18 часот, сладолед во одредени часови, Toucan детски ресторан. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, пијалоци кои не се на менито, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, турско кафе, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, À la carte ресторани – Trattoria – италијанска кујна, Etho – турска кујна, Sea you – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници се со доплата. Wi-Fi интернет во целиот хотел е бесплатен. 

Плажa 
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи. Кабаните се со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес, сауна, турска бања, парна бања, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг, билијард, гимнастика. Со доплата се спортови на вода, осветлување за тениски терен, масажа и СПА центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер. Toucan клуб за деца од 4-12 години, во различни групи според возраста, игралиште, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Örenşehir, Euphoria Barbaross Beach Resort, Köy Sokak, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps