Прескокни кон содржината
LONG BEACH
Повлечи за повеќе слики

LONG BEACH

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е лоциран во Avsallar регионот, 20 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 748, 48 вили и 24 фамилијарни соби Chalet. Стандардни соби 553 (33м², макс.2 +1 лице), Фамилијарен дуплекс 90 (39м², макс. 4+1 лице, две одвоени соби со врата, едно купатило), Фамилијарни дуплекс суити 30 (59м², макс. 5+1 лица, две соби одвоени со врата, на двa нивоа и две купатила), Јуниор суити 3 (макс. 3 лица, две соби одвоени со врата, две купатила и два балкона), Џакузи суити 11 (две одвоени соби, едно купатило со када, едно со џакузи, сауна, голем балкон ), Вили суити 48 (40м², две соби одвоени со врата, платформа за сончање, директен пристап до базен, приватна сауна дополнително се наплаќа), фамилијарни Chalet 24 (43м², две спални одвоени со врата). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, вода и минерална вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга
Ultra All Inclusive (се вклучено) на база на шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, вечера, мини бар во собите-безалкохолни пијалоци и вода ( при пристигнување во хотел), минерална вода и вода, локални и стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци, А’la Cаrte ресторани со претходно резервација и само еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови крај базенот. Луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флашираните пијалоци, услуга во соба, специјални вина се наплатуваат. 

Содржини 
Главен ресторан–Hayat–шведска маса, снек бар на плажа, кафе и колачи- Cake House, А’la Carte ресторани- Hunkar (Турска кујна), Bon Apetito (Италијанска кујна), Dragon (Кинеска кујна), Delphin (Медитеранска кујна), El Sombrero (Мексиканска кујна), барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. 

Плажа
Хотелска плажа – песочна со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. 

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар , Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг и гимнастика. Масажа, Wellness& Spa центар, спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, куглање, специјални програми за слабеење се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и базенот, вечерен шоу програм, специјални програми за деца во Мини клубот од 04-12 години, забавен парк без доплата.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Türkler, Long Beach Alanya, Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps