Прескокни кон содржината
LIU RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LIU RESORT HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација 

Хотелот се наоѓа во областа Гундоду, на 12 км од сиде и 48 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 400 соби Делукс соби (25 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс. 2+1 лице). Делукс соби со директен пристап на базен (25 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 2+1 лице). Делукс Лагуна соби (25 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица). Фамилијарни соби (55 м², две одвоени спални, едно купатило, макс. 4 лица). Фамилијарни соби со директен пристап на базен (55 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 4 лица). Супериор корнер соби (45 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица). Кралски апартман (180 м², една спална со француски кревет, џакузи во собата, една дневна соба со дел за седење и трпезариска маса, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централна клима која што работи според временските услови, мини бар (секојдневно се полни со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ со музички канали, балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе касно навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време од дено, детско бифе, диететско бифе, свежо цеден сок од портокал време на појадок, бар за закуска на плажа, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, сите пијалоци во шише и лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок), услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со турска и морска храна, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, суна, парна соба, пинг понг, одбојка н плажа. Со доплата се сите спортови на вода, билијард, куглање, соба со игри, СПА центар и масажа. Забавни програми во текот на денот, со жива музика и шоу програми навечер (во одредени денови). Мини клуб за деца од 4-12 години со разни активности и програми. Забелешка: Поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Çolaklı, Liu Resorts, Merkez sokak, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps