Прескокни кон содржината
LIMAK LARA DELUXE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LIMAK LARA DELUXE HOTEL

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, 15 км од аеродромот во Анталија и 25 км од центарот на градот. 

Сместување 
Вкупен број на соби 441. Стандардни соби 319 (32м², една спална и едно купатило, макс.2+1 лица), 92 фамилијарни соби (65м², макс.2+2 лица, две соби одвоени со лизгачка врата), 11 Јуниор суит соби со џакузи (45м²), 15 Суит соби со џакузи (70м²), 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш, када, фен, клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини наутро и во попладневните часови, вечера, ужина во ноќните часови. Сите домашни и увозни стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите кој се дополнува секој ден, сервис за пеглање (две парчиња облека по лице) од 09.00-16.00, услуга во соба од 02.00-04.30ч. Сите флаширани локални и увозни пијалоци, свежо цедениот сок, пакован сладолед во бар, луксузните увозни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација се доплаќаат. 

Содржини 
Zen-главен ресторант, A‘la Carte ресторани-La Cuccina (Италијанска кујна), Revan (Турска кујна), Gringos (Мексиканска кујна), Sushithai (Tai&Sushi ресторан), Snack ресторан покрај базенот, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, rent a car, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во хотелот и во собите е бесплатана. 

Плажа 
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 9 лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски игралишта, сквош, пинг понг, немоторни водени спортови. Масажа и SPA центар, часови по тенис и опрема, осветлување за тениските терени, моторни водени спортови, билијард, куглање, опрема за сквош, дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и навечер, мини и јуниор клуб со специјална програма и професионална екипа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kemerağzı, Limak Lara Deluxe Hotel & Resort, Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps