
KOLIBRI HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Авсалар на 100км од аеродромот во Анталија и на 22км од центарот во Аланија.
Сместување
Вкупно 113 соби. Стандардни соби (25 м², една спална, купатило, макс.2+1 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар и сеф (со доплата), плочки на подот, сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, попладневно кафе, чај, торта, вечера, стандардни локални алкохолни (ракија, водка, џин, отворено вино, пиво) и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 23:00 ч. Бар на плажа од 10:00-17:00 само со безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, турско кафе, храна и пијалоци после 23:00 ч.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на плажа. Доктор на барање, перална, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WiFi интернет конекцијата е бесплатна во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и карпи на 150м од хотелот. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Отворен базен за деца и возрасни, тобоган, пинг понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна. Со доплата се масажа, третмани во турската бања, спортови на вода. Лесни анимации во текот на денот, и разни натпревари. Мини клуб за деца со програми и мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Avsallar, Kolibri Resort Hotel, İskele Sokak, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps