Прескокни кон содржината
KIRMAN CALYPTUS RESORT SPA
Повлечи за повеќе слики

KIRMAN CALYPTUS RESORT SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

 
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 5 км од Сиде и 60 км од аеродормот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 420 соби. Стандардни соби (30м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице). Супериор соби (30м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице). Фамилијарни соби (44м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 лица). Делукс фамилијарни соби (63м², една спална соба со дупли кревет, втора спална со три единечни кревети, едно купатило, макс.4+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколадо и чипс секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чак, ламинатен под, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (слаба брзина), балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено - 24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, диететско и безглутенско бифе, детско бифе и катче за бебиња (со можност да подготвите бебешка храна сами), сладолед попладне, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот само во еден ресторан, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар на плажа од 10:00 - 18:00 часот. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, наргиле, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, ресторан за скара, италијански, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна во целиот хотел. 

Плажа 
Хотелска приватна песочна плажа на 450 м од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има тунел со бесплатен превоз до плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен за бебиња, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата: масажа, билијард, сите спортови на вода, SPA центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kumköy Caddesi, Ilıca, Cumhuriyet Blv. 60.Sok No 54/1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps