Прескокни кон содржината
KARMIR RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

KARMIR RESORT & SPA

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 40км од аеродромот во Анталија, 8км од Кемер. 

Сместување 
Вкупно 326 соби. Стандардни соби (23м², спална соба со француски кревет или 2 единечни кревети + софа, спална, макс.2+1лице), Фамилијарни соби (34м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4 лица), Џуниор апартман (40м², една спална со места за седење, купатило, голем балкон, макс.2+1дете), Кралски апартман (51м², една поголема соба со место за седење, макс.2лица) Кармир апартмани (63м², голем соба со простор за седење, купатило, макс.2 лица) Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима уред кој работи согласно временските услови, ламинатен под, телефон, мини бар (се дополнува вода при пристигнување), сеф, сателитска телевизија со музички канали, балкон. 

Услуга 
Ултра сѐ вклучено - 24 часа услуга за храна и пијалоци - шведска маса за појадок, доцен појадок, вечера, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, доцна ужина навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок од портокал само за појадок, бар на плажа од 10.00 - 18.00 часот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, специјални вина, флаширани вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани - Amethyst –италијанска кујна, Rubi – турска кујна, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, турско кафе и диско бар. Доктор, чување деца, перење, изнајмување кола, фризер, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI е бесплатно во лоби. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, 100м од хотелот (помеѓу има пат) со ситни камчиња и песок. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни. Павилјоните се со доплата. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени, базен за деца (отворен), лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Осветлување за тениски терени, масажа, билијард, играчница, спортови на вода се со доплата. Програми за забава, натпреварувања во текот на денот и вечерта, мини клуб за деца од 4-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

MH65+Q45 Kemer, Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps