
HORUS PARADISE LUXURY RESORT & CLUB
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наиѓа во Кумкој, на околу 2 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 750 соби во објектите на главната зграда, ресорт, градина и плажа. Главна зграда: Хотелски стандардни соби (25-30м², спална, купатило, ламинатен под, макс.2+1 лице). Ресорт зграда (две нови згради во близина на базенот): Ресорт стандардни соби (25-32м², во делот на ресортот, во 2 или 3-катни згради во близина на базенот, една спална со француски кревет+единечен кревет, купатило, тепих на подот, макс.2+1, нови соби). Ресорт фамилијарни соби (41-53 м², две посебни спални, едно купатило, тепих на подот, макс.4 лица). Ресорт апартмани (45-73м², две спални, едно купатило, макс. 4 лица). Зградите во градина се на 2-3 ката и се наоѓаат зад хотелскиот комплекс: Гарден стандардни соби (22-25 м², спална, купатило, плочки на подот, макс.2+1). Гарден фамилијарни соби (44 м², две спални, купатило, плочки на подот, макс. 4 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалоци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, полноќно бифе, попладне сладолед, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, ресторан со закуски кој постојано има мини бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, само во лоби бар неккои увозни алкохолни пијалоци се достапни. Со доплата се увозни пијалоци, специјални вина, пијалоци во шише и лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, витамин бар, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (турски, мексикански, италијански, рибен), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е со доплата.
Плажа
Хoтелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мини фидбал. Со доплата се масажи, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тенискиот терен, часови по тенис, СПА центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен. Мини клуб за деца 4-11 год, и јуниор клуб 12-17 год, со различни програми и активности.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Horus Paradise Luxury Resort Hotel, İnönü Bulvarı, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps