Прескокни кон содржината
GYPSOPHILA CLUB MARINE
Повлечи за повеќе слики

GYPSOPHILA CLUB MARINE

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 15 км од центарот на Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 399 соби во бунгалови од два или три ката. Стандардни соби (26-32 м², една спална соба со еден француски кревет или два единeчни + единечен кауч, кревети на спрат во некои соби, едно купатило, макс.2+2 лица). Фамилијарни соби (39-45 м², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица) Апартмани (45 м², една спална соба, една дневна соба поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво при пристигнување, а потоа само вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, паркет или керамички под, WI – FI интернет конекција, сателитска LCD телевизор и балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ Вклучено - пијалоци за добредојде при пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, закуска доцна навечер. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадок, диетална и здрава храна во главниот ресторан, детска храна, сладолед во одредени часови во текот на денот. À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш во престој во една од нив. Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, VSOP коњак, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, наргиле. 

Содржини 
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - Trattoria (италијанска кујна), Sea You (ресторан за морска храна), етно (турска кујна), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, фризер, изнајмување коли, продавници се дополнително се наплаќа. WI-FI интернет конекцијата во собите, јавните површини и лобито е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата. 

Спорт и забава 
Надворешни базени за возрасни и деца, три тобогани, турска бања, сауна, соба за релаксација, фитнес центар, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг, гимнастика. Со доплата се: спортови на вода, Спа и велнес центар, масажи и третмани за убавина, тениски терени и осветлување на тениски терени, билијард. Забавни програми во текот на денот, натпревари со професионален тим, шоу навечер, музика во живо, специјални концепти за забава. Мини клуб за деца по различни возрасни групи, од 4 - 16 години со специјални програми. 
Хотелот е реновиран во зима 2021 / 2022 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Beldibi, Gypsophila Club Marine, Başkomutan, Atatürk Caddesi, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps