Прескокни кон содржината
GURAL PREMIER BELEK
Повлечи за повеќе слики

GURAL PREMIER BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Сместување

Gural Premier Belek e горд на ултра луксузното сместување. Дуплекс собите се пространи (минимум 45м2) опремени со купатило со хидромасажа. Идеални за семејствата претставуваат семејните апартмани со две спални соби. За луксузната понуда за излез на безен изберете ги собите Pool Deluxe.

Услуга

Ultra All Inclusive
Храната е најсилниот адут на Gural Premier Belek. 7 ресторани распространети на самото крајбрежје и покрај базените кои си ја предаваат штафетата еден на друг од појадок до вечера, отсликуваат одлични примери на турската и медитеранска храна. Свежите производи се подготвуваат во ваше присуство отсликувајќи вистинска уметничка презентација. Сладолед, освежителни пијалоци, алкохолни пијалоци со посебен квалитет, слатки, сезонско овошје сите тие претставуваат дел од целодневниот Ultra All Inclusive пакет ; во ресторан, на плажа, покрај базените како и во зоната на аквапаркот. Beach Bar & Pool Bar се соовршени за коктели и разговор со пријателите.
Храната во Gural е разновидна, свежа и со избрани специјалитети од Медитеранот и од светот. Производите на скара, сите сезонски овошја, ориенталните и модерните слатки, салатите месо од диви животни, суши и други азиски специјалитети. Snack рестораните нудат овошја, сладоледи, производи на скара, хамбургер, пити и мезињата се неодвоив дел од бифето на Gural Premier. За вечера често пати има гурмански специјалитети.
24 часа домашни и увозни освежителни и алкохолни пијалоци во баровите и рестораните
Kafe Lavazza во сите барови
Коктели и освежителни пијалоци на плажа, покрај базените и аква-паркот
Појадок се служи во бифето, во периодот од 07:00 до 11:30 часот
Ручек во бифе, во периодот од 12:30 до 14:00 часот
Вечера во бифе, во периодот од 19:00 до 21:30 часот
Night Restaurant служи во периодот од 23:00 до 07:00
Цеден сок од портокал во текот на целиот ден
Сладолед без ограничување
Слатки
Пијалоци во дискотека
Освежителните пијалоци се даваат во шишиња или лименки, додека алкохолните пијалоци во стаклени чаш
Во рестораните виното се нуди во шишиња и се служи на мас
Сите пијалоци се со висок квалитет
Свечените вечери покрај базените, забавите со пена на плажа ; уметничките перформанси на DJ настапите ќе ви го разубават денот и ноќта  во Gural Belek.
Tениските игралишта, модерните фитнес центри, спортовите на вода и СПА центрите обезбедуваат бескрајни можности максимално да уживате за време на вашиот годишен одмор во рајот кој го носи имети Gural Premier Belek.

Аква Парк

Водниот парк зафаќа површина од 15.000 м2 и 20 тобогани во форма на тунели кои ве впиваат со нивната магија и ве упатуваат директно во безбројните базени на паркот: Space Hole; Black Hole, Tunnel Free Fall, Kamikaze адреналински стимулираат. Twister Yellow, Twister Blue Multislade ; Rafting Slide го забрзуваат вашиот пулс од возбудата што ќе ја доживеете. Обожавателите на силните емоции ќе доживеат непрекинат наплив на адреналин во oвој огромен аква-парк кој го сочинуваат 5 базени, 8 тобогани без дно и врв за возрасни (Дупка во просторот, Црна дупка, Rafting, Multislide, Жолтиот Вител, Синиот Вител, Камикази, Тунел со слободен пад). За децата од сите возрасти на располагање се 7 тобогани: Троделен октопод (3), Мини-тобогани (2), Зелен тобоган, Син тобоган и еден базен со песок за бебиња. Еден пиратски базен со мини-тобогани во форма на змија, желка и октопод се вистинска атракција за забава за децата. Занималните, базените со џакузи и другите многубројни атракции ја прават зоната на аква-паркот најомилениот дел од ресортот. Скокнете. Фрлете се. Завртете се. Спуштете се од висините со брзина на молња. Плесни силно во водата и доживејте го вистинското задоволство. Во меѓувреме, не заборавајте да јадете и да пиете. Децата нема да можете да ги разделите од убавините на Пиратскиот брод , од плитките базени  со мек песок  и минитобоганите во форма на риби.

Забава – мини клубот Happyland

Натпревари; плејстејшн, музика, танц, препуштете ги вашите деца во просториите на мини клубот Happyland  и овозможете си исполнет и среќен одмор.
Станува збор за детски клуб каде што децата се забавуваат од 10:00 до 23:00 часот под надзор на обучени негуватели. Претстави, трки, настани подготвени специјално за деца, креативни и квалитетни програми и мини-диско се неколку од можностите за забава кои им се нудат на децата во еден амбиент како од бајките.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Güral Premier Belek, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps