Прескокни кон содржината
GREENWOOD SUITES RESORT
Повлечи за повеќе слики

GREENWOOD SUITES RESORT

ЛараAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Лара на 11 км од аеродромот во Анталија и 13 км од центарот на Анталија. Хотелот не е директно на плажа. 

Сместување 
Вкупно 230 соби во една главна зграда и пет блока. Стандардни соби (35 м², една спална со француски кревет + еден единачен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица). Стандардна соба со пристап на базен (35 м², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1лица, пристап до заеднички базен преку терасата). Делукс апартман (75 м², една спална соба со еден француски кревет и една дневна соба со 2 софи и внатрешна врата, американска кујна, едно купатило, макс. 2 + 2 деца), Делукс апартман со пристап до базен (60 - 80 м², две спални соби, едната со француски кревет, втората со два единечни кревети, две купатила, пристап до заеднички базен од тераса, макс. 2 + 2 лица). Делукс супериор апартман (80-90 м², една спална соба со еден француски кревет и единечен кревет, една дневна соба со два софа кревети, внатрешна врата, американска кујна, едно купатило, макс. 4 + 1 лица). Екслузивен апартман (100 м², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба со два софа кревети, две купатила, макс.4+2 деца). Сите соби се со балкон или тераса, ламинатен или керамички под, купатило со туш кабина, фен, телефон, сплит клима систем, сеф, мини бар (само безалкохолни пијалоци), сателитска ТВ и музички канали. Во Делукс собите има кујна со фрижидер, машина за перење алишта и машина за миење садови. 

Услуга 
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцните вечерни часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај од 10:00 – 24:00 часот, ресторан и бар на плажа од 10:00-17:00 часот. Не се вклучени: сите увозни пијалоци, À la Сarte ресторани со претходна резервација и со доплата, храна и пијалоци од 00:00 -07:00 часот, свежо цеден сок,, енергетски пијалоци, услуга во соба, флаширани пијалоци. 

Содржини 
Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани Basilico – италијански и Safran -турски, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, изнајмување кола, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет во собите и во лобито е бесплатен. 

Плажа 
Песочна хотелска плажа на 750 м од хотелот, со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. Има бесплатен шатл превоз. 

Спорт и забава 
Надворешни базени за возрасни и деца, внатрешен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, масажа, салон за убавина и SPA центарот. Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште, мини Диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kemerağzı, Greenwood Suites Resort, 1018. Sokak, Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps