Прескокни кон содржината
GREENWOOD RESORT
Повлечи за повеќе слики

GREENWOOD RESORT

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 55км од аеродромот во Анталија и 9 км до Кемер. 

Сместување 
Вкупно 267 соби во главната зграда, анекс зграда и бунгалови. Стандардни соби во главната зграда (21 м²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице). Стандардни соби во бунгалови (21 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2 + 1 лице). Стандардни соби со кревети на спрат во бунгалови (21 м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.2 + 2 лица). Големи соби (40 м², лоцирани во Анекс зградата, една спална соба со француски кревет + софа за 2 лица, едно купатило, макс.2+2 лица). Фамилијарни соби (45 м², лоцирани во главната зграда, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица). Јуниор Фамилијарни соби (40 м², лоцирани во Анекс зграда, една спална соба со француски кревет и два единечни кревети разделени со панел на преклоп, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, централен систем за климатизација кој работи во одредени часови според временските услови и врз основа на одлуките на хотелот, ламинат (освен приземје во бунгаловите, каде има керамика), телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга 
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне закуски, чај, кафе, вечера, закуски доцна навечер. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот се бесплатни, снек бар на плажа од 10.00 до 17.00 часот. Не се вклучени: сите увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, À la Carte ресторан, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, пијалоци во Диско бар, мини бар во собите, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со италијанска кујна, лоби бар, барови покрај базен и на плажа, витамин бар, турско кафуле и диско бар. Доктор, чување деца, перална, изнајмување кола, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернет конекција во лоби и соби е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа на 180м од хотелот (помеѓу има пат) со камчиња и песок. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, крпи за на плажа се со депозит. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени, детски базен (надворешен), лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, мини фудбал, пинг понг се бесплатни. Рефлектори за тениски терени, масажа, билијард, спортови на вода, центар за убавина се со доплата. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, Мини клуб за деца од 4 - 12 години со игралиште и мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Göynük, Sherwood Greenwood Resort, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps