Прескокни кон содржината
GRANADA LUXURY BEACH AVSALLAR
Повлечи за повеќе слики

GRANADA LUXURY BEACH AVSALLAR

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Авсалар на 20км од Аланија и 101км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 382 соби. Стандардни соби (35 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, и една софа, едно купатило, макс. 2+2 лица). Љубовни стандардни соби (35 м², еден француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица). Сваровски апартмани (75 м², една спална со француски кревет + место за седење, едно купатило со џакузи, сите соби се со страничен поглед на море, макс. 2+1). Сите соби се современо опремени со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво, вафли, грицки се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, безжичен интернет, керамички под и балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалоци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, сладолед, торти, детско бифе, диететско и вегетаријанско бифе, вечера, закуски доцна навечер и ран појадок, свежо цеден сок само за појадок, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: сите луксузни и стари специјални пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, усуга во соба, À la Carte рестораните се со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови (освен за појадок), сите флаширани пијалоци, наргиле. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со интернационална кујна, лоби бар до 24ч. Барови покрај базен, бар на плажа и платформа, бар за ужина, диско бар, витамински бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет катче, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во заедничките делови од хотелот е бесплатен. 

Плажа 
Хотелска плажа со камчиња и песок. Чадори за сонце, лежалки и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа и платформата се со доплата и претходна резервација. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, Спа и Велнес центар, просторија за игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, вечерни шоу програми, жива музика, кино. Гранди мини клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, кино, мини диско и различни активности за деца.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Avsallar, Granada Luxury Beach, Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps