Прескокни кон содржината
EMELDA SUN CLUB
Повлечи за повеќе слики

EMELDA SUN CLUB

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Чамјува, на 7 км од Кемер и 70 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 450 соби во вили. Стандардни соби (23 м², спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице). Фамилијарни соби (27 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица). Апартмани (56 м², две спални соби, една дневна соба, сите соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4+1 лице). Дуплекс апартмани (117 м², две спални соби на горниот спрат, една спална и една дневна соба на долниот спрат, собите се одвоени со врата, две купатила, макс. 6+1 лице) 4 соби за лица со попреченост. Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска телевизија и музички канали, килим на подот, ламинат или керамички плочки, балкон. 

Услуга 
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневен чај и торта, вечера и ноќни закуски. Свежо цеден сок од портокал за појадок, À la Carte ресторан – Anadolu е со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед часови во текот на денот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 24.00 часот, бар за ужина на плажа од 10.00– 18.00 часот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, пијалоци кои не се на менито, турско кафе, свежо цеден сок, флаширани пијалоци и наргиле, услуга во соба, другите À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, пијалоци во Elite bar. 

Содржини 
Главен ресторан на база шведска маса со дел за детска храна и диететско бифе, À la Carte ресторани: D’Oro Olive - италијанска кујна, Poseidon – рибен ресторан, Anadolu – турска кујна, Sun Dragon – кујна од блискиот исток. Барови низ целиот хотелски комплекс, бар на плажа. Доктор, чување на деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење алишта, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI - FI интернет е бесплатен во собите и јавните површини. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Павилјоните на плажата и на платформата се со претходна резервација и доплата. 

Спорт и забава 
Надвореши базени, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика, мини голф. Салон за убавина и велнес центар, спортови на вода, билијард, осветлување на тениските терени, часови по тенис и опрема се со доплата. Забавни програми во текот на денот и вечерта за возрасни, различни програмии игри, а навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години со програми преку целиот ден, игралиште, луна парк и мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Çamyuva, Emelda Sun Club, Merkez Cd., Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps