
EFTALIA VILLAGE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е се наоѓа во областа Турклер, 18 км од центарот на Аланија и 100 км од аеродромот Анталија.
Сместување
Вкупно 473 соби распоредени во 12 згради на 3 спрата. Стандардни Соби: (28м², 1 спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, 1 купатило, макс. 2+1 лица). Стандардни Големи Соби: (32 м², 1 голема соба со француски кревет + единечен кревет + софа , 1 купатило, макс 3+1 лица). Фамилијарни Соби Тип А: (39 м², макс. 4 лица, 2 спални одвоени со врата, 1 купатило). Фамилијарни Соби Тип Б: (58 м², 3 спални, 1 купатило, макс. 6 лица). Сите соби се опремени со сопствено купатило со када и фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински закуски, попладне чај, кафе, торти, полноќни закуски, сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00-23:00 часот, сладолед во слаткарниците во одредени часови од денот. Со доплата: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, пијалоци во диско и сите алкохолни пијалоци на Ефталија островот.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани – турски и италијански, лоби бар, бар на базен, бар на плажа. Доктор, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата.
Плажа
Приватна камчеста плажа на 100м од хотелот. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Пешкири за плажа со депозит. Хотелот се поврзува со плажата преку мост над патот.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, билјард, масажа. Дневни и вечерни анимации, натпреварувања, шоу програми во вечерните ласови. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Türkler, Eftalia Holiday Village, Akdeniz Blv, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps