Прескокни кон содржината
EFTALIA OCEAN RESORT
Повлечи за повеќе слики

EFTALIA OCEAN RESORT

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во регионот Турклер, 18 км од центарот на Аланија и 100 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно број на соби 682 во главната зграда. Стандардни соби (35м2, 1 спална соба, 1 купатило, макс2+1 лица), Голема соба (45m², 1 голема спална соба со француски креевт, 1 единачен кревет, 1 дополнителен кревет (софа), 1 купатило, макс 2+2 лица), Фамилијарни соби А (91m², 2 оделни спални соби, 1 купатило, макс 4+1 лица), Swim up соба 2 спални (99 м2, дуплекс, 2 оделни спални со 2 француски кревети, 2 единачни кревети и 1 екстра кревет, 1 купатило, директен излез на базен, макс 5+1 лица), Swim up со 3 спални (113 м2, дуплекс, 3 спални со 2 француски кревети, 2 единачни кревети и 2 екстра кревети, директен излез на базен, макс 6+1 лица)и соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со сопствени купатила со туш кабина и фен, централен клима уред, кој работи врз основа на временските прилики, директна телефонска линија, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга 
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрешни снекови и попладневна чајанка, кафе, торти, полноќни снекови, сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци до 24:00 часот, А-ЛА карте ресторани со претходна резервација еднаш за време на еден престој, сладолед во слаткарниците неколку часови во денот. Не е вклучено: сите видови на увезени пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежи цедени сокови, собна послуга, пијалоци во диско и сите содржини на Ефталија островот. 

Содржини 
Главен ресторан на база шведска маса, А-ла Карте ресторани –Турски, Италијански, Бургер ленд, лоби бар, бар на базен, бар на плажа, Диско клуб во Ефталија островот. Доктор на барање, перална, чување на деца, фризер, теелфон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, рент а кар се доплаќаат. Ви фи интернет конекција во главните места е бесплатно. 

Плажа 
Приватна плажа, камчеста, со лежалки и чадори за сонце, пешкири бесплатни. Со подземен тунел се поврзува хотелот со плажата. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: водни спортови, билјард, салон за убавина, масажи. Дневни и вечерни анимации (на островот Ефталија), натпреварувања, шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Türkler, Eftalia Ocean Hotel, Akdeniz Bulvarı, Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps