
EFTALIA AQUA RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во регионот Турклер, 18км од центарот на Аланија и 100км од аеродромот Анталија.
Сместување
Вкупно број на соби 470 распоредени во 2 главни згради.
Стандардни соби (24 м2, 1 спална, 1 купатило, макс2+1 лица),
Големи соби (34 м2, 1 голема спална со француски кревет+единачен кревет+софа кревет, 1 купатило, макс. 2+2),
Фамилијарна соба Тип А(43 м2, 2 спални соби, 1 купатило, макс. 4лица), 5 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се опремени со сопствено купатило со када и фен, централна клима која работа врз основа на временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалхохолни пијалоци, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра се вклучено – шведкса маса за време на појадок, доцен појадок, ручек, вчера, утрешни снекови и попладневни чаеви, кафиња, торти, полноќни снекови, сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци до 24:00 часот, А ла карте ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој бесплатно, сладолед во латкарниците неколку часови во денот.
Со доплата: сите видови на увезени пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежи цедени сокови, Турско кафе, собна послуга, пијалоци во диско, сите содржини на Ефталија островот.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, А ла карте ресторани –Турски, Италјански, Бургерленд, лоби бар, бар на базен, бар на плажа, диско клуб во Ефтаија островот. Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интерент, компјутерски игри, продавници, рент а кар се доплаќаат. ВИ-ФИ интернет конекцијата на јавните места не се плаќа.
Плажа
Приватна плажа, камчеста, со лежалки и чадори за сонце, пешкирите за плажа бесплатни. Преку подземен тунел се поврзува хотелот со плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа.
Се доплаќаат: водни спортови, осветлувањето на тениските терени, билјард, салони за убавина, парна бања, масажи. Забавните програми се наменети за сите Ефталија хотели во текот на денот, натпреварувања, а во вечерните часови шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez Mahallesi, Akdeniz Bulvarı No:4, 07475 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps