
DOUBLETREE BY HILTON KEMER
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, 50 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 330. Стандардни соби (34м², една спална и едно купатило, макс.2+1 лица),
October Fest или Beer соби (34м², една спална, едно купатило, сет за пиво, макс.2+1 лица),
Фамилијарни Дуплекси (66м², на првиот кат една спална со купатило, на горниот кат два единечни кревети и купатило, макс.4 лица),
Делукс Corner соби (59м², една спална со француски кревет и дел за седење, купатило со Џакузи, голем балкон, макс.2+1 лица),
Соби за хендикепирани лица: 3 Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода), сеф, сет за кафе и чај, електричен бокал, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.
Услуга
Ултра Се Вклучено-главен ресторан со шведска маса, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, четири A’la Carte ресторани, подвижни килички за брза храна и улични камиончиња за храна, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадокот, сладолед во одредени часови од денот, енергетски пијалоци. Дополнително се наплаќаат-сите флаширани пијалоци, луксузни и премиум пијалоци, специјални вина, шампањско, A’la Carte ресторани.
Содржини
Главен ресторан, A’la Carte ресторани, снек бар, бар покрај базен и околу хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, перална и хемиско чистење, доктор, чување деца, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, парна бања, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Дополнително се наплаќаат-осветлување на тениски игралишта, опрема и часови по тенис, куглање, билијард и компјутерски игри, масажа, Спа центар и салон за убавина, спортови на вода, нуркање. Забави програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, спортски активности, кино, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год., мини диско, мини кино.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Atatürk Blv. No:28/1, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps