Прескокни кон содржината
DOSINIA LUXURY RESORT
Повлечи за повеќе слики

DOSINIA LUXURY RESORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Белдиби на 10 км од Кемер, 35 км од центарот на Анталија и 45 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 

Вкупно 440 соби во два блока. 
Стандардни соби (22 м², една спална со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 дете). 
Стандардни соби со кревети на спрат (26 м², спална со француски кревет + кревети на спрат за деца , едно купатило, макс.2+2 деца). 
Фамилијарни соби (33 м², две спални одвоени со врата, во едната соба има француски кревет, а во другата кревети на спрат + дополнителен кревет, едно купатило, макс. 3+2 лица),
Swim Up Соби со директен пристап на базен (26 м², една спална соба, едно купатило, терасата е директно поврзана со базенот, макс.2+1 лица). 
Стандардни соби во градината се исти како и стандардните соби во главниот блок, но лоцирани во близина на главниот блок и имаат само поглед на копно. Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, клима уред, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, бањарка, WI-FI (ниска брзина), сателитска телевизија со музички канали, балкон. 

Услуга 

Ултра сѐ вклучено – пијалок за добредојде на рецепција, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневна закуска, торта, колачи, вечера и ноќна закуска, сите локални и стандардни (избрани од хотелот) увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, закуска на плажа. 
Не е вклучено: премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани со доплата и претходна резервација, услуга во соба, увозни пијалоци во Irish Pub. Помеѓу 03.00 – 10.00 часот пијалоците се доплаќаат. 

Содржини 

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Hurrem (морска храна), Mama Mia (Steak House), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI – FI интернет е бесплатен во соби и на јавни површини. 

Плажа 

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. (Има пат помеѓу плажата и хотелот.) 

Спорт и забава 

Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг се без доплата. Велнес и Спа центар, масажа, спортови на вода, билијард се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и нa плажа, шоу програми навечер. Mини клуб за деца од 4 – 12 години организиран од професионален тим, базен за деца и игралиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Beldibi Göynük Mah. Başkomutan Atatürk Cd. No:508, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps