
DELPHIN PALACE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот. Се наоѓа на сама плажа.
Сместување
Вкупно 557 соби.
487 Стандардни соби (28-32 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет + софа 180х80 цм, едно купатило, макс.2+2 лица).
40 Фамилијарни соби (45м², две спални соби одвоени со врата - во едната соба француски кревет, а во другата два единечни кревети и софа 180х80 цм - со два мини бара, два ТВ и едно купатило, макс. 4+1 лица).
24 Јуниор Апартмани (36 м², една голема соба со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа 180х80 цм, со џакузи во купатило и голема тераса, макс. 3 лица).
6 соби за лица со попреченост. Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море, страничен поглед на море или градина, купатило со туш кабина и фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, под со ламинат, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, WI-FI интернет, сателитска LCD ТВ и музички канали.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, шампањ бранч во неделите, храна и пијалокот во снек баровите, свежи овошни сокови за време на појадокот и во витамин барот. Сите домашни и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базените и баровите на плажа. À la Carte рестораните се со претходна резервација (само еднаш неделно е бесплатен, секоја наредна резервација се наплаќа). Диететска храна и храна за деца во главниот ресторан. Луксузните увозни пијалоци, коњак, пури, специјалните вина, увозните пијалоци во À la Carte рестораните, услуга во соба дополнително се наплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Blue Fish (рибен ресторан), Ottoman (турска кујна и скара), Peking (кинеска кујна), Dolce Vita (италијанска кујна), Margarita (мексиканска кујна), Dragon (јапонска кујна), Helen (грчка кујна). Девет барови на различна локација во хотелскиот комплекс каде што се служат домашни и увозни пијалоци, диско клуб, кино. Доктор, перална, шопинг центар, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, чување деца се услуги кои дополнително се наплатуваат. WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен, базен за деца, базен само за возрасни, Аква парк, внатрешна водена лизгалка, фитнес центар, сауна, турска бања, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, забавен парк за деца (во одредени часови) се бесплатни. Опрема и часови за тенис, масажа, пилинг, SPA центарот и салонот за убавина, куглање, соба со игри, билијард, спортови на вода и школата за нуркање се со доплата. Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер, жива музика, тематски вечери, Гала вечери. Мини клуб и луна парк за деца од 4-12 год. детско игралиште, детско кино, мини Диско.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Yaşar Sobutay Bulvarı No:352, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps