
DELPHIN DIVA PREMIERE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара, 10 km од аеродромот и 15 km од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 475 соби.
Standard rooms (26-30 m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа 175х75 cm, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Family Duplex rooms (47m²; на горниот кат има една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило со туш, на долниот кат има два единечни кревети, едно купатило со туш, балкон, макс.3+2 деца) и 4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалаци, вода и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинантен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса. WI-FI интернет е бесплатен.
Специјални соби:
Honeymoon Suit (80 m², кружна розова соба, спална со тркалезен кревет, дневна, трпезарија, простор за релаксација, џакузи, тоалет, панорамски поглед на море, VIP сервис, без балкон).
Deluxe family room (85 m²+ 60 m² тераса, две спални соби, едно купатило, џакузи на тераса, VIP сервис, макс.5 + 1 лице).
Presidential suit (108 m²+60 m² тераса, салон, спална со голем (king size) кревет, купатило со џакузи, дневна со софа, трпезарија со бар, поглед море и лежалки на терасата, VIP сервис, макс. 2+1 лица).
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - шампањ за добредојде, овошје и вино во собата при пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера и ужина доцна навечер. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци, стандардни увозни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (само еден À la Carte ресторан за 7 дена е бесплатен, секој следен пат се наплатува). Диететска храна и храна за деца во главниот ресторан.
Премиум увозни пијалаци, специјални пијалаци и флаширани вина, услуга во соба, повторно користење на À la Carte ресторани The Prime Cut Steak House и Teppanyaki À la carte дополнително се наплатува.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, за појадок, ручек и вечера, À la Carte ресторани - Le Kebab (турски), Blue fish (рибен), Pekin (кинески), Margarita (мексикански), Dolce Vita (италијански), The Prime Cut Steak House-steak ресторан(со доплата),Teppenyaki (јапонски, со доплата), Dragon (суши ресторан). Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско клуб.
Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат.
Интернет во лобито и собите е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчињa. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, базен за релаксирање само за возрасни (над 15 години), тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа не се наплатуваат.
Осветлување на тениските терени, спортови на вода, Спа и Велнес центар, школа за нуркање, куглање, билијард, компјутерски игри се наплатуваат.
Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Забавен парк и Мини клуб за деца од 4-12 год, со различни активности во текот на денот и вечерта.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı Mahallesi Yaşar Sobutay Bulvarı No:342, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps