
DELPHIN DE LUXE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Okurcular-Alara, 32 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Има бесплатен шатл превоз од хотелот до Аланија, Манавгат и Сиде, со претходна резервација на рецепција.
Сместување
Хотелот е составен од една главна зграда со страндарни соби и споредна зграда со фамилијарни соби.
Стандардните соби 416 (27м², една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарните соби 79 (43м², две спални соби со две одвоени врати, една бања, макс. 4+1 лица). Сите соби се со балкон, со страничен поглед на море или поглед на копно, купатило со туш, када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинат на под, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Ултра Се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина и колачи, кафе, чај, сендвичи, сладолед, свежо цеден сок, вечера и оброк во доцните ноќни часови. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Турско кафе, мини бар во собите со безалкохолни пијалоци, пиво, вода , ореви и чоколади. Во неделите има доцен оброк, A’ la Сarte ресторани со претходна резервација (еднаш за време на престојот од една недела), услуга во соба од 00.00-06.00ч. Диетална храна и храната за деца се во главниот ресторан. Премиум стар виски, бренди, стари вина и флаширани пијалоци, услуга во соба од 06.00-24.00, понатамошно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан Delphin со шведска маса, A’la Carte ресторани-Ottoman (Турска кујна), Mr. Fish (морска храна), Dolce Vita (Италијанска кујна), China House (кујна од Далечен Исток), Tepenyakii (Јапонска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), Mediterranean (Медитерански кујна), ресторан со ужина на плажа, во овие ресторани со претходна резервација можете да го поделите Вашиот вечерен оброк.Во баровите околу хотелскиот комплекс се служат локални и увозни пијалоци. Продавници, фризер, перална, доктор, rent a car, соба со игри и компјутерски игри дополнително се наплатуваат.Wi-fi интернет конекција бесплатен во лобито.
Плажа
Хотелска плажа, со ситни камчиња и со платформа, пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, немоторизирани водени спортови. Дополнително се наплатува тениска опрема, часови по тенис, масажа, салон за убавина, билијард, моторни водени спортови и школа за нуркање. Часови по сликање не се наплатуваат. Забавна програма, натпревари, вечерни музички и шоу програми, на секои 15 дена Турска вечер и Гала вечера. Мини клуб и клуб за тинејџери со кино на отворено.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Alparslan Türkeş Blv No:257, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps