Прескокни кон содржината
DELPHIN BE GRAND RESORT
Повлечи за повеќе слики

DELPHIN BE GRAND RESORT

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 8 км од аеродромот во Анталија и 10 км од центарот на градот. 

Сместување 

Вкупен број на соби 853 во четири блока. 
Стандардни соби Be Trendy 313 (35м²; една спална француски кревет + единичен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица), 
Стандардни соби Be Large 295 (42м²; на првиот кат една спална со францусли кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица) , 
Супериор соби Be Romantic 56 (32m², спална со еден француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица), 
Супериор соби Be Delux Loft 13 (41m², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица), 
Be Trendy Connection rooms 20 ( 70м², две стандардни соби со врата помеѓу, макс. 6+2 лица ), 
Be Family А rooms 110 (56 м², две одвоени спални, едната е со француски кревет а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4+1 лица), 
Be Family Loft 17 ( 70-90 м² , дуплекс, еден или два француски кревети, една софа и еден или два единечни кревети, две туш кабини, макс. 4+1 лица), 
Be Family B- 3 соби ( 80м², две одвоени спални, едната спална е со француски кревет, единечен кревет и софа, другата е со француски кревет и софа, едно купатило, макс. 3+2 лица ),
Be Suit – 12 соби ( 123 м², две спални и една дневна, едно купатило, макс. 4 лица), 
Be Royal – 4 соби (104 м², дуплекс, две спални, две купатила, сауна, макс. 4 лица ), 
Be King – 1 соба (352 м², дуплекс, две спални , две купатила, макс. 4 лица). Сите соби се со балкон, со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво), електричен бокал, сервис за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI во соби. 

Услуга

Ултра Се вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини во тек на денот и доцна навечер, диетално мени, детско мени ,сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци, свежо цедени сокови ,A’la Carte ресторани со претходна резервација (еден A’la Carte ресторан за 7 дена е бесплатен, секој нареден се наплатува). V.S.O.P. коњак, премиум виски и увозни специјални вина, енергетски пијалоци и увозно пиво, место за пушење, сите флаширани пијалоци, собна услуга дополнително се наплатуваат . 

Содржини 

Главен ресторан Sunflower, A‘la Carte ресторани- Sultan-Турска кујна, Sakura - Јапански рестора, ,Jipo ресторант-Мексиканска кујна, Ristorant Lugiano -Италијанска кујна, Mermaid ресторант- рибен ресторан ,Atlantes -Грчка кујна. Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско бар. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет (во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), шопинг центар, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат. 

Плажа 

Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце не се наплатуваат. 

Спорт и забава 

Отворени базени ( еден е полу-олимписки) , затворени базени, детски лизгалици во базен, Џакузи во затворен базен, тениски терени, пинг понг, мини футбал, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, сауна и Турска бања се бесплатни. Со доплата : спортови на вода, осветлување на тениски терени, часови по тенис, салон за убавина, СПА центар, масажа, куглање, билјард, школо за нуркање. Секојдневни забавни програми преку ден, натпреварувања и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 07 години и Миди клуб од 08 – 12 години, специјално диско за деца, кино и специјални програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Güzeloba, Yaşar Sobutay Bulvarı No:38, 07112 Muratpaşa/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps