
CRYSTAL WATERWORLD RESORT AND SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 882 во 9 блока на 5 ката и 4 блока на 3 ката.
Стандардни соби (27м², макс.3 лица)-една спална и едно купатило,
Стандардни соби со високи душеци (27м², макс.3+2 лица)-една спална и едно купатило,
Стандарни terrace соби (23м², макс.2+1 лица),
Супериор соби (23м², макс.2 лица)-една спална и купатило, поглед на море,
4 ВИП соби за Меден месец (23м², макс.2 лица)-една спална и купатило, Џакузи на тераса, поглед на море,
Фамилијарни соби (33м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата,
Фамилијарни соби со кревети на спрат или високи душеци (33м², макс.5 лица),
Суит соби (50м², макс.2+2 лица)-една спална, една дневна, купатило, голема тераса со Џакузи, поглед море.
Сите соби се со купатило со када, туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со сокови), сеф, ламинат или керамички плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Ultimate Се вклучено-24 часа храна и пијалоци, на пристигнување освежителни пешкири и традиционален Турски пијалок-шербет, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диетално мени, специјално мени за деца, снек ресторан, A’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволено за деца под 7 год.)-Anatolia, Al Dente, Latino, сладолед од 16:00-18:00 часот, попладне колачи, чај и кафе, барови околу хотелскиот комплекс, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Дополнително се наплаќаат-премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, увозни алкохолни пијалоци од 01:00-10:00часот, A’la Carte ресторани-Dragon, Caretta, Steak House.
Содржини
Главен ресторан Crystal со шведска маса, A’la Carte ресторани со претходна резервација (Latino-Мексиканска кујна, Anatolia-Турска кујна, Al Dente-Италијанска кујна, Latino-Латино кујна, Dragon-кујна од Далечен Исток, Caretta-морска храна). Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат
Плажа
Приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк за возрасни и деца, тениски игралишта, одбојка, кошарка, мини голф, одбојка на плажа, фитнес, Турска бања, сауна, парна бања, Џакузи. Масажа, Спа центар и салон за убавина, Спа базен, моторизирани спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, специјални шоу програми во вечерните часови, кино. Мини клуб за деца од 4-12 год. и Јуниор клуб за деца од 13-16 год. преку ден и мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Boğazkent Mah. 33 / 1, 07506 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps