
CRYSTAL TAT BEACH GOLF RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во Белек, 35 км од аеродромот во Анталија и 45 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 503 во три хотелски згради.
Стандардни соби (вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица 23м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица),
Стандардни соби со кревети на спрат (23 m² една спална соба со француски кревет + единечен кревет + кревет на спрат, купатило макс.3+2 лица),
Фамилијарни соби (31м², две спални со врата помеѓу нив, едно купатило, макс.4 лица),
Фамилијарни соби со кревети на спрат или душек (31м2, две спални соби една со француски кревет друга со единечни кревети или кревети на спрат макс. 4+2лица).
Сите соби имаат купатило со када, туш, фен, централна клима, телефон, тепих на под, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон или тераса.
Услуга
Ultimate Се вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Освежувачки пешкири и традиционален Турски пијалок-шербет за добредојде, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диетална храна, храна за деца, ресторани со ужинка во текот на денот, сладолед (се сервира во Pool бар од 17.00-19.00 часот), попладне-колачи, чај и кафе, полноќна ужина, сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Сarte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволен влез на деца под 7 год.). Увозни премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, Италијански и Мексикански A’la Сarte ресторани, увозни алкохолни пијалоци од 01.00-10.00 часот дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Сarte ресторани- Турски, Рибен, Мексикански и Италијански, бар покрај базен, Лоби бар, снек бар и ресторан. Продавници, фризер, доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, rent a car, телефон, факс,интернет кафе и игротека дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватните павиљони на плажа се со резервација и се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, 5 тениски игралишта, пинг понг, одбојка, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа. Спа и Велнес центар, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, куглана, билијард, сите спортови на вода, голф дополнително се наплатуваат. Забавна програма со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. во текот на денот и мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Üçkum Tepesi No: 12, 07506 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps