Прескокни кон содржината
CRYSTAL SUNSET LUXURY RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

CRYSTAL SUNSET LUXURY RESORT & SPA

СидеUltimate All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, оддалечен 65км од аеродромот во Анталија. 

Сместување

Вкупен број на соби 584 во една главна зграда. 
Стандардни соби 305 (32m²; вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица, макс. 3 лица); 
Фамилијарни соби 218 (40-44m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица); 
Јуниор апартмани (40m²; една спална соба со голема дневна соба кои не се одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+1 лице); 
Кралски апартмани (61m², една спална соба, една дневна соба со поглед кон море, и директен пристап до џакузи, голем балкон, едно купатило со туш кабина). 
Сите соби се со купатило со када или туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф, ламинат на подот, електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон. 

Услуга 

Ultimate Се Вклучено – 24 часа сервис за храна и пијалоци. Традиционален Турски пијалок за добредојде, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диетална шведска маса, специјална шведска маса за деца, ресторан за ужина во текот на денот, сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани во вечерните часови со претходна резервација 3 пати во текот на неделата, (забранет влез за деца помали од 7 години), сладолед во Lagoon бар од 16.30-19.00 часот, попладне колачи, чај и кафе, мини бар кој се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци. 
НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни премиум алкохолни пијалоци, увозни и специјални вина, собна послуга, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, Crystal VIP Curise restaurant, Crystal Park breakfast and barbeque, Mediterranean Breeze Restaurant, увозни пијалоци од 01.00–10.00 часот. 

Содржини 

Главен ресторан Sunset , A’la Carte ресторани – Crystal Cruise – морска храна, Pasha Ottoman - Турски ресторан, Mediterranean Breeze – Медитеранска храна, Orient Express – Азиска кујна, Planet Crystal World cuisine, Stairway to Haven – само за возрасни, (екстра доплата), Bubble Town – детски ресторан со специјалитети за деца со претходна резервација два пати во текот на неделата, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Диско клуб. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, интернет конекција во соба, фризер, продавници, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. 

Плажа 

Хотелска плажа, на 150 метри од хотелот, песочна со ситни камчиња, со лежалки, чадори, пешкири, транспорт на релација хотел - плажа - хотел во текот на денот кои се бесплатни.

Спорт и забава 

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква парк со 9 лизгалки на вода (не е дозволен влез за деца под 10 години), тениски терени, одбојка, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, џакузи, се бесплатни. Спортови на вода, масажа, Спа центар, салон за убавина, базен во Спа центар, осветлување за тениски терени, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 12 години со дневни програми, натпревари и Мини Диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, Süleyman Demirel Blv. No:9 D:1, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps