Прескокни кон содржината
CRYSTAL PARAISO VERDE RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

CRYSTAL PARAISO VERDE RESORT & SPA

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во регионот Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 25 км од Белек. 

Сместување 

Вкупно 670 соби во осум блока на пет ката и три блока на два ката. 
Стандардни соби со поглед на градина (26 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс. 2+1лице). 
Стандардна соба со кревети на спрат и поглед на градина(26 м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица, собите се на приземје).
Фамилијарни соби со поглед на градина (42 м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс.5 лица). 
Апартмани (44 м², една дневна соба, една спална соба, едно купатило со џакузи, соби со поглед на море, макс. 2 лица). 
Сите соби се со купатило, туш кабина, фен, влечки, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за чај и кафе, сеф, плочки или ламинат на подот, сателитска ТВ со музички канали, WI-FI интернет конекција и балкон. 

Услуга 

Ultimate Сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Шведска маса за појадок, продожен појадок, утрински закуски, ручек, бар со закуски на плажа, чај, кафе, торти и колачи во попладневните часови, сладолед во определени часови, вечера, полноќни закуски, детско бифе, вегетаријанска храна, производи без глутен, детокс бар, À la Carte ресторани (турски и италијански), со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар со закуски на плажа од 10.00 - 17.00 часот, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Не се вклучени премиум пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни егзотични пијалоци, услуга во соба, À la carte рибен ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки во À la carte рестораните (со исклучок на наливно / трпезно вино). 

Содржини 

Главен ресторан со тераса, À la Carte ресторани со турска кујна, рибен ресторан, италијански ресторан, барови во хотелскиот комплекс. 
Со доплата: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет конекција во соба, продавници, изнајмување кола, интернет ќоше, компјутерски игри. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна. 

Плажа 

Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа не се наплатуваат. Со доплата и претходна резервација се павилјоните на плажа.

Спорт и забава 

Отворени и затворени бззени, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, мини голф, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, масажа, салон за убавина, куглање, билијард и играчница. Забавни програми во текот на денот покрај базен и шоу програми во вечерните часови, кино. За деца мини клуб од 04-16 години со дневни анимации и мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Boğazkent, 36. Sk. No:2, 07552 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps