
CRYSTAL AURA BEACH RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер на 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 501 соба во два блока главната зграда и во 9 блока во Апарт Гарден.
Стандардни соби (24 м², во главна зграда и блоковите во градина, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни соби со кревети на спрат (24 м², во главна зграда и блоковите во градина, една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
Соби за меден месец (24 м², во блоковите во градина, на најгорниот кат, една спална соба, едно купатило, голема тераса, макс.2 лица).
Фамилијарни соби со кревет на спрат (38 м², во главна зграда, има еден единечен кревет + кревети на спрат во една спална соба, француски кревет во другата соба, едно купатило, макс.3+2 лица).
Фамилијарни соби со поглед на копно (38 м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сеф, ламинат или мермерен под, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ultimate сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалоци. Главен ресторан Caretta за шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, колачи, чај, кафе, вечера и доцна вечерна закуска, детско катче, простор за подготовка на храна за бебиња, диететска и вегетаријанска храна, безглутенски леб и ужинки, детокс бар, сладолед во одредени часови во текот на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À La Carte ресторани (турски и италијански) со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и лименки, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, рибен À la Carte ресторан, вино, шампањ и специјални нарачки во À la Carte ресторани (освен наливно вино).
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, барови и барови за закуски околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, комјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, едно тениско игралиште, одбојка на плажа, гимнастика, пинг-понг. Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениски терени и опрема за тенис, СПА центар, масажа, куглање, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Crispy Kids World мини клуб за деца од 4-12 години и тинејџерски клуб од 13 – 17 години со програми во текот на денот и навечер. Хотелот е реновиран во зима 2022/2023 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Atatürk Blv. No:30, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps