Прескокни кон содржината
CRYSTAL ADMIRAL RESORT
Повлечи за повеќе слики

CRYSTAL ADMIRAL RESORT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Кизилот, Сиде, на 80 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување

 
Вкупно 834 соби.
Стандардни соби (вклучувајќи и 8 соби за лица со попреченост, 35 м², една спална со дупли кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице). 
Еко соби (22 м², една спална и едно купатило, француски балкон, ги има на секој кат, макс. 2 лица). 
Дуплекс фамилијарна соба (55 м², лоцирани на првиот и на последниот кат, две спални -два единечни кревета на приземје и француски кревет на горниот кат, едно купатило, макс. 4 лица). 
Јуниор апартмани (50 м² една спална, една дневна, едно купатило, макс.3 лица). 
Апартмани за меден месец (48 м² една спална, едно купатило, џакузи, макс. 2 лица). 
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), килим на подот или плочки, WI-FI интернет, балкон, сателитска ТВ и музички канали. 

Услуга 

Ultimate Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци – освежително крпче и традиционален турски пијалок (шербет) за добредојде, појадок, продолжен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, специјално детско бифе и дел за подготовка на храна за бебиња, ресторани со закуски во текот на денот, сладолед во определени часови од денот, попладне колачи, чај, кафе, детокс бар, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна навечер со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: увозни премиум алкохолни пијалоци, странски и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, Витамин бар, рибен и стек À la Carte ресторан, вино, шампањ и специјални нарачки во À la Carte рестораните (освен наливно вино). 

Содржини 

Главен ресторан за шведска маса , À la Carte ресторани со турска, италијанска, мексиканска кујна, рибен ресторан, стек ресторан, барови во хотелскиот комплекс. Доктор, перење алишта, продавници, чување деца, фризер, изнајмување кола, компјутерски игри, телефон, факс се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел. 

Плажа 

Хотелска приватна плажа со камчиња. Чадори и лежалки за сонце се бесплатни. Крпи (со депозит) за плажа се бесплатни. Има тунел помеѓу плажата и хотелот. 

Спорт и забава 

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, Аква парк, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни. Масажа, СПА и центар за убавина, СПА базен, сите спортови на вода, куглање, билијард, компјутерски игри се со доплата. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални вечерни шоу програми. Crispy Kids World – мини клуб за деца од 4-12 години во текот на денот и мини диско навечер. За тинејџери од 13-17 години исто има организирани дневни и вечерни програми. Хотелот е реновиран во 2019 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps