Прескокни кон содржината
CORNELIA DIAMOND GOLF RESORT
Повлечи за повеќе слики

CORNELIA DIAMOND GOLF RESORT

БелекDiamond All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот и 45 км од центарот на Анталија. 

Сместување 

Вкупно 611 соби. 
Стандардни соби (42-50 м², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице). 
Executive стандардни соби (42-50 м², една спална соба, купатило, со директен поглед на море, макс. 2+1 лице). 
Фамилијарни соби со поглед на градина (70 м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, поглед на градина, макс. 4+1 лице). 
Фамилијарни езерски соби (80 м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, директен излез до базенот, со поглед на градина или базен, макс. 4+1 лице). 
Сите соби имаат посебни купатила со када, фен, бањарки, влечки, централна клима, телефон, мини-бар (сокови и пиво, чипс, сникерс, бисквити се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ со музички канали, тепих на под, балкон, Wi-Fi интернет. 
Специјални соби во хотелот: 
Голф апартман (65 м², има два типа - спална соба, дневна соба, купатило макс. 2+1 лице / две спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице). 
Blue suite (80 м², спална соба, дневна соба одвоени со завеса, купатило со џакузи, директен поглед на море, макс. 2+1 лице). 
Фамилијарни апартмани (190 м², две спални соби одвоени со врата, дневна соба, две купатила, мини-кујна, делумен поглед на море, макс. 4+1 лице). 
Дијамантски апартман (310 м², на два ката, директен поглед на море, приватен базен, макс. 4+1 лице). 
Хармонија апартман (120 м², спална и дневна соба одвоени со врата,делумен поглед на море, купатило, сауна, џакузи, макс. 2+1 лице). 
Езерски вили (160 м², макс. 6+1 лице); 
Езерски куќи (100м², макс 4+1 лице или 6+1 лице). 

Услуга 

Diamond сѐ вклучено – шампањ, свеж сок од портокал, чинија со овошје на пристигнување, шведска маса за ран појадок, појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, закуски касно навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, мини-бар, бар со закуски на плажа од 10.00-18.00 часот. 
Со доплата се премиум пијалоци постари од 12 години, стари домашни и странски вина, енергетски пијалаци, наргиле, пури, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата (за деца под 7 години не е дозволено), услуга во соба. 

Содржини 

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани со медитеранска, турска кујна, источно азиска, јужно американска кујна, рибен ресторан, ресторан за скара, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор и медицинска сестра, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата. Интернет конекцијата низ целиот хотел е бесплатна. 

Плажа 

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. 

Спорт и забава 

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка. Спортови на вода, куглање, билијард, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, голф терен, SPA и велнес центар се со доплата. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, со натпревари, и вечерни шоу програми. Diamond Party на секои две недели. Мини клуб за деца со тим за анимации и програми за деца од 1 -17 год. во различно организирани групи по возраст.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

İskele Mevkii, Turizm Cd. No: 2/A, 07506 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps