
CLUB HOTEL TURAN PRINCE WORLD
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 75км од аеродромот во Анталија и 15км од античкиот град Сиде.
Сместување
Вкупно 689 соби во главна зграда, ВИП Селект Вили и во Клуб зградите.
Хотелска главна зграда:
Хотелски стандардни соби (29м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа, едно купатило, макс.2+2 лица),
Хотелски дуплекс соби (44м²; на горниот кат има спална соба со француски кревет, на долниот кат два единечни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).
Клуб згради:
Клуб стандардни соби (24-28м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица),
Клуб дуплекс соби (40м², на горниот кат има спална соба со француски кревет, на долниот кат два единечни кревети, две купатила, купатило, макс. 4+1 дете).
Select Вила област:
Select стандардни соби (30м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, се наоѓаат на приземје со директен пристап до заеднички базен, едно купатило, макс.2+2 лица).
Select дуплекс соби (50м², се наоѓаат на втор кат и имаат пристап до заеднички базен преку скали, на горниот кат има еден француски кревет и едно купатило, долу има два единечни кревети и едно купатило, макс. 4+1 дете).
Select јуниор апартман (45м², на прв кат ао пристап до заеднички базен преку балконот, една спална соба со еден француски и еден единечен кревет, и една дневна соба со гарнитура, едно купатило, макс. 3+1 дете).
Select сениор апартман (65м², се наоѓа на вториот кат и има пристап до заеднички базен преку скали, дуплекс, на првиот кат има спална со француски кревет и еден единечен кревет, дневна соба и едно купатило, на вториот кат има спална со два единечни кревета и едно купатило, макс. 5+2 деца).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен и сет во купатило, централен клима уред кој работи според временските услови, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, LCD TV со сателитски канали, балкон или тераса, WI-FI интернет.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек и вечера, брза храна на плажа и во Aqua Snacks, попладне чај, кафе, колачи, полноќна супа, ран појадок, диететско и вегетаријанско катче, детко и бебешко катче во главниот ресторан за време на главните оброци, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, шампањ, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани ресторани, наргиле, услуга во соба и услуга за дополнителен пијалок. За гостите Select Вила собите има достапен VIP select концепт.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови во целиот хотелски комплекс, бар на плажа, À la Carte ресторани со италијанска и турска кујна, диско клуб. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и крпи на плажа.
Спорт и забава
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и крпи на плажа. Спорт и забава: Прекрасен аква парк со 14 лизгалки за возрасни и деца, отворени и затворени базени за ворасни и деца, полуолимписки базен, забавен парк, тениски терени, мини голф, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, сауна, турска бања, соба со пареа, џакузи се бесплатни. Сите спортови на вода, билијард, масажа, центар за убавина и СПА центар, обука за нуркање, компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот со натпревари на плажа и покрај базен, навечер различни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-11 години, мала зоолошка градина, мини диско навечер. Хотелот е реновиран во 2015 (сите објекти, купатила, мебел во сите соби) / 2019 (сите соби во главната зграда) / 2020 (клуб дуплекс соби)
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Turan Prince World Hotel, Kızılağaç Turizm merkezi, No:77, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps