Прескокни кон содржината
CHAMPION HOLIDAY VILLAGE
Повлечи за повеќе слики

CHAMPION HOLIDAY VILLAGE

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 13 km од Кемер и 45 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 244 соби во двокатни блокови во градина.
Стандардни соби (17-28 m², една спална соба со француски кревет + дополнителен кревет или кревети на спрат , едно купатило, макс. 2+2 лица).
Фамилијарен апартман (36 – 38 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 2 + 2 лица).
Сите соби се со балкон или тераса, сопствено купатило со туш и фен, клима уред, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), керамички под, сателитска ТВ и музички канали.

Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, закуски во текот на денот и доцна навечер, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, Aegean À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш во текот на престојот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, сите пијалаци во диско, сите флаширани пијалаци, турски À la Carte ресторан со претходна резервација и доплата, сите пијалаци после 24:00 часот.

Содржини
Главен ресторан, À  la Carte ресторани со турска и егејска кујна, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата.
WI – FI интернет е со доплата.

Плажа
Приватна хотелска плажа со камчиња.
Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни базени, детски базен, базен за релаксација за возрасни, два тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, пикадо, одбојка на плажа, тениски терени, пинг-понг.
Со доплата се: спортови на вода, рефлектори за тениски терени, школа за нуркање, масажа, СПА центар, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години со специјални програми.
Хотелот е реновиран во 2019 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

BAŞKOMUTAN, Beldibi, Atatürk Cd. NO:145-1/1, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps