Прескокни кон содржината
CENGER BEACH
Повлечи за повеќе слики

CENGER BEACH

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е сместен во Кизилот на 20 км од центарот на Сиде и 90 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 

Вкупно 266 соби. 
Стандардни соби (една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица). 
Фамилијарни соби со кревети на спрат (една голема соба со француски кревет и со кревети на спрат, макс. 3-4 лица). 
Економски соби (една спална со француски кревет, едно купатило, без балкон, макс. 2 лица) две соби за лица со попреченост. 
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристигнување), сеф (со доплата), паркет на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга

 
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне кафе, чај, колачи, полноќна супа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, до 24.00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, снек ресторан на плажа од 10.00 – 17.00 часот, сладолед во определени часови од денот. Не се вклучени увозни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, турско кафе, пијалоци во диско клуб, услуга во соба. 

Содржини 

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани (турски и рибен ресторан), лоби бар, бар на базен и на плажа, диско клуб. Доктор, перење алишта, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, фризер, чуваење деца, продавници се со доплата. 

Плажа 

Хотелска плажа со камчиња. Чадори, лежалки за на плажа се бесплатни, со депозит крпи за на плажа. Постои тунел под патот до плажа. 

Спорт и забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, тобогани, тениско игралиште, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна се бесплатни. Со доплата се масажа, Спа центар и центар за убавина, сите спортови на вода, осветлување за тениско игралиште, опрема за тенис, куглана, играчница. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за од 4-12 години е на располагање во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Çenger, Noterler Sitesi Yanı 273/1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps