Прескокни кон содржината
CALISTA LUXURY RESORT
Повлечи за повеќе слики

CALISTA LUXURY RESORT

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 27 км од аеродромот и 35 км од центарот на Анталија. 

Сместување 

Вкупно 598 соби во 7 хотелски блока. 
Стандардни соби: 502 (52 м², една спална соба со брачен кревет+ еден единечен кревет, едно купатило макс.2+1 лица), соби за хендикепирани лица, 
Дуплекс - фамилијарни соби: 63 (80м², макс.4 лица; на првиот спрат дневна соба со две софи, купатило, на вториот спрат спална соба со брачен кревет и купатило, нема врата помеѓу спратовите), 
Аголни суит соби: 18 (70м², макс.4 лица, дневна соба со две софи, купатило со џакузи и балкон), 
Претседателски апартмани: (160м², дневна соба и трпезарија, тоалет за гости, една спална соба со купатило со џакузи, друга спална соба со купатило со када, голем балкон), 1 King royal suit (240м², приемен дел, дневна соба и трпезарија, тоалет за гости, кујна, две спални соби, една со купатило со џакузи, и една спална со купатило со када, балкон). 
Сите соби се уредени со стандарден мебел, купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно се надополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво),сет за чај и кафе,пегла и даска за пеглање, сеф, Плазма ТВ со сателитска програма,WI-FI интернет, балкон. 
Има 14 вили во хотелскиот комплекс. 10 двојни вили (150м²-на првиот спрат дневна соба и трпезарија, тераса и базен; на вториот спрат-две спални соби со купатила, џакузи, балкон, батлер сервис, макс 4 лица), 3 Superior вили (260 м2-на првиот спрат дневна соба и трпезарија, читална, кујна, спална соба со купатило и џакузи, тераса и сопствен базен; на вториот спрат: 3 спални соби, две со брачен кревет, една со одвоени кревети, 3 купатила со џакузи, балкон, батлер сервис,макс 8 лица, 1 VIP вила ЛЕО (1500м²-вилата е во 3 блока. 
Прв блок-прв спрат со дневна соба со LCD TV, трпезарија, читална, место за одмор, домашно кино, бар, тераса и сопствен базен; втор спрат-рецепција, 4 спални соби со LCD TV, купатила со џакузи, балкон. 
Втор блок-прв спрат со кујна, бар, соба за активности со билијард и LCD TV; втор спрат-4 спални соби, LCD TV, купатила со џакузи, балкон. 
Трет блок-прв спрат со VIP SPA-Турска бања, сауна, соба со пареа, џакузи, соби за масажа. Втор спрат со дневна соба и трпезарија, една спална соба, LCD TV, купатило со џакузи, батлер сервис, макс 18 лица. 

Услуга 

A’la Carte Cе вклучено- услуга со висок квалитет во сите ресторани, шведска маса. Сета храна и пијалоци се вклучени во овој сервис. Премиум виски, V.S.O.P. специјални локални и увозни вина, A’la Carte рестораните, собна послуга 24 часа, VIP ресторанот и цигарите се наплатуваат. За гостите од Presidential suit.King suit и Villas suit важи VIP концепт. 

Содржини 

Рестораните се отворени за сите гости-Bellum главен ресторан, Sakura-кујна од Далечниот Исток, Timo (Италијанска кујна), Turca (Турска кујна), More (рибен ресторан), La Carne (Јужно Американска кујна), Elegance ресторан (само за гостите кои престојуваат во вилите), ресторани покрај базенот и на плажа Snack ресторан. Само за гостите кои се сместени во вилите има VIP ресторан, експресно пријавување и одјавување од хотелот, батлер-сервис, бизнис сервис, 24 часовна собна послуга, услуга од рецепционер преку целиот ден, перална, хемиско чистење, секојдневно доставување на овошје, колачи и вино во соба. За гостите во VIP вилите и сите други гости се доплаќаат услугите за доктор, чување деца, хемиско чистење, фризер, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, продавници, изнајмување на лаптоп, DVD плеер и филмови. Wi-Fi интернет бесплатно во целиот хотел. 

Плажа 

Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљоните на плажа се со претходна резервација и дополнително се наплатуваат. 

Спорт и забава 

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, Турска бања, сауни, бањи со пареа, снежна соба, џакузи, тениски игралишта, фитнес центар, одбојка, кошарка, одбојка на плажа. Масажа, салон за убавина, Callos SPA, козметичар, водени спортови, часови по тенис, осветлување на терените, куглање, компјутерски игри, интернет кафе и билијард се наплатува. Забавна програма преку целиот ден покрај базенот и на плажа, во вечерните часови прекрасна шоу програма со талентирани шоу групи, жива музика, специјални вечери, кино, дискотека. Calimero-мини клуб за деца од 0-17 год., организирани во групи по возраст.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kadriye, 07525 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps