
CALIDO MARIS HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Кизилот, 75 км од аеродромот во Анталија и 20 км од Сиде и Манавгат.
Сместување
Вкупен број на соби 427.
Стандардни соби (една спална соба, една бања, макс. 2 + 2 лица),
Фамилијарни соби (две спални соби со врата помеѓу нив, една бања, макс. 4 лица Поврзани апартмани (макс. 5 лица.)
Сите соби се со сопствено купатило со када, фен за коса, централен клима систем кој работи според временските услови, директен телефон, мини бар, сеф (со доплата), сателитска ЛЦД телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера и полноќна супа, ресторани А'ла Карте со резервација однапред и само еднаш во престојот, сладолед во одредени часови, бар на плажа од 10.00 до 18.00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот.
Не се вклучени: сите увезени пијалоци, пијалоци по 24.00 часот, свежи овошни сокови, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, турско кафе, сите пијалоци во диско клубот и витамин барот.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, А Ла карт ресторани - италијански и отомански, лоби бар, снек бар, бар покрај базен и на плажа, диско клуб. Доктор, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, трговски центар, изнајмување автомобил се доплаќаат. WI-FI интернет-врска се доплаќа.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, преку патот поврзан со тунел. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг-понг, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, спортови на вода, рефлектор за тениски терени и опрема, велнес и центар за убавина се доплаќаат. Забавни програми преку ден и навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çenger, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps