
BELLIS DELUXE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек на 5 км, и 32 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 555 соби.
Стандардни соби (22 m², главна зграда, макс.2+1 лице),
Mimoza Garden соби (35 m², во градина,позади главната зграда макс.3+1 лице),
Junior suit соби (во главна зграда, една спална соба со дел за седење, макс. 3+1 лице),
Фамилијарни соби (40-45m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица),
Camelia garden соби (22 m², во градината, макс.2+1 лице),
Camelia Family superior: (50 m², во градината, една спална и една дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица),
Jasmine Lake Houses во градина околу базенот:
Jasmine pool view (42 m², една спална, едно купатило, макс. 3+1 лице),
Jasmine pool view family: (84 m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 5+1 лице),
Jasmine Lagoon соби:
(42 m², една спална, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 3+1 лице).
Villa Bells и Villa Diamond (200m2, три спални и купатила, дневна соба, балкон со директен излез до базенот.
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи во одредени часови според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво),електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LED TV и музички канали, балкон или тераса.
Услуга
Ултра Се вклучено –шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, кафе, чај, колачи, вечера, полноќна ужина, сите локални и широк спектар на увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, пекара .Луксузните увозни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цеден сок, Roxy ноќен клуб, собна услуга, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан - шведска маса, A’la Carte ресторани: Kalamata (Медитеранска и Грчка кујна), Grill Restaurant (Мексиканска и Турска кујна), Gusto (Италијанска кујна), Steak House (Интернационална кујна), Ikebana Sushi House (кујна од Далечниот исток), Diamond Vip lounge (интернационална кујна), пекара, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, rent a car, дополнително се наплатуваат. Бесплатно WI-FI во лоби барот.
Плажа
Хотелска песочна плажа, чадори, лежалки и пешкири бесплатно. Павиљоните на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, аква парк со 8 водени лизгалици за возрасни и 6 за деца, Турска бања, сауна, фитнес центар, парна бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф. Водени спортови, масажа, SPA&Wellness центар, осветлување на тениските игралишта, часови по тенис, јавање коњи, голф, билијард, компјутерски игри, дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, навечер шоу програми, неколку дена во неделата жива музика. Отворени и затворено кино. Специјална програма во Мини клубот за деца 04-11 год, и Junior Club за тинејџери од 12-16 години, зоолошка градина. Специјални содржини за бебиња.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kadriye Mah. Taşlıburun Mevkii, 07500 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps