
ARMAS LABADA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Camyuva, 5км од Кемер и 60км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 186.
Сите соби се стандардни и лоцирани во една главна зграда (18-25м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица).
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, мини бар (вода, минерална вода, сокови и пиво на пристигнување), сеф (се наплаќа), тепих или ламинат на подот, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, балкон во собите со поглед на море и француски балкон во собите со поглед на копно.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне чај, кафе и колачи, вечера, полночна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот. Дополнително се наплаќаат-премиум и луксузни алкохолни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, енергетски напитоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалоци во A’la Carte барот, A’la Carte ресторани со претходна резервација.
Содржини
Главен ресторан Ambrosia со шведска маса, A’la Carte ресторани Kuyu-Турска кујна, Sandal-рибен ресторан, лоби бар, бар покрај базен, Диско клуб. Доктор, фризер, перална, продавници, интернет кафé и компјутерски игри. Wi-Fi интернет конекција дополнително се наплатува.
Плажа
Хотелска плажа, песок и камчиња, лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, две лизгалици на вода, тениски игралишта, Турска бања, сауна, фитнес, пинг понг, одбојка на плажа. Спа и Велнес центар, спортови на вода, билијард, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çamyuva, Deniz Cd. No:8, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps