
ARMAS KAPLAN PARADISE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Текирова на 17 km од Кемер и 70 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 393 соби.
Standard rooms (22-27 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).
Garden standard room without balcony (иста како стандардната соба, но без балкон).
Сите соби се со балкон, сопствено купатило, када или туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување), сеф, керамички под, WI-FI интернет, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, полноќна супа до 02:00 часот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 - 02:00 часот, сладолед во одредени часови, турски À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот со безалкохолни пијалаци и пиво.
Не се вклучени: сите увозни пијалоци што не се во мени листата, специјални вина, сите флаширани пијалаци и лименки, свежо цедени сокови, рибен À la Carte ресторан, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, слаткарница, À la Carte ресторани: турски и рибен ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа.
Доктор, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници се со доплата. WI-FI интернет на јавни површини, во собите и лобито е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња на 300 m од хотелот. Лежалки, чадори, крпи за на плажа и душеци се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, три тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, одбојка на плажа.
Со доплата: осветлување на тениските терени, спортови на вода, СПА и велнес центар, билијард.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа за возрасни и децата. Вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04 - 12 години, детско игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Cumayeri Mah, Şehit Er Hasan Cad., 07995 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps