
ARMAS GUL BEACH
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на кемер, на 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 160.
Стандардни соби 117 (25м², една спална, едно купатило, макс.3+1 лица),
Економски соби во градина 21 (18м², една спална, едно купатило, макс.2 лица),
Стандардни соби без балкон 13 (18м², една спална, едно купатило, макс.2 лица).
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, ламинат на подот, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон (во повеќето соби).
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, , ручек, ужина на плажа, попладне кафе и колачи, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци во Диско клуб, мини бар во соби, A’la Carte ресторани.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, снек бар на плажа, лоби бар. Доктор, чување деца, перална, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car. Wi-Fi интернет конекција се наплаќа.
Плажа
Хотелска плажа, со камчиња, лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, две лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, пинг понг. Масажа, билијард и спортови на вода дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Atatürk Blv. No:81, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps